Од коалицијата ВРEДИ велат дека ДУИ уште еднаш се обидела да ги измами Албанците со тврдењето дка никој од македонсите на 17 февруари не ја честитале годишнината од прогласувањето на независноста на Косово.
Од ВРЕДИ нагласуваат дека нивните неосновани обвинувања за честитање на независноста на Косово ги демаскирало самото Претседателство на коалицијта, кое потврдило дека честитката е испратена на 16 февруари.
„Исто така, честитки упатија и вицепремиерите од Изет Меџити и Арбен Фетаи, кои уште еднаш ја покажаа институционалната посветеност на Косово.
„Оваа акција на ДУИ не е ниту прва, ниту последна во нивната позната стратегија што ја користат дезинформацијата како политичка алатка. Партијата која две децении ја узурпираше власта на штета на албанските граѓани и на сите граѓани на *Македонија, сега се обидува да создаде бесмислени конфликти и да го одвлече вниманието на јавноста од своите спектакуларни неуспеси во сите области.
ДУИ докажа дека нема политичка култура и не може да понуди визија за иднината на државата. Секој ден се повеќе нивните лаги и манипулации се демаскираат пред граѓаните, покажувајќи го вистинското лице на оваа истрошена партија“, велат од ВЛЕН.
Силјановска реагира до ДУИ: Честитката за независноста на Косово е испратена преку МНР.
Од ДУИ навредени дека никој од овде не честитал 17-годишнина од независност на Косово






