Вреди: ДУИ мести терен со Мијалков да не го признае поразот на локалните! – ДУИ: Вреди не можат да победат на ниедни избори без туѓа помош

„ДУИ продолжува да ја игнорира волјата на мнозинството Албанци, затоа ќе добие наскоро жестока казна.’ – се вели во реакцијата на коалицијата ВЛЕН кон ДУИ. Од Вреди нагласуваат дека желбата на ДУИ да бидат на власт по секоја цена ќе доведе до референдум против нив на локалните избори. ДУИ подготвува терен да не го признае поразот на локалните избори во 2025 година“ – објави ТВ Клан Македонија, пренесувајќи ја реакцијата на коалицијата Вреди.



Натаму во својата реакција Вреди изнесува: ДУИ го молеше Мицкоски како тогашен мандатар  да ги земе нив во владата наместо Вреди. Понудата на ДУИ до Мицкоски, испратена преку посредници до Мицкоски, била четворица министри, без претседател на Собранието, плус договор за соработка на локалните избори во Кичево и Струга.

Време е да одговорите: Дали е вистина дека со Мијалков подготвувате сценарио за предизборни и изборни инциденти, за да не го признаете поразот на локалните избори и да предизвикате политичка криза? – се наведува во реакцијата на Вреди кон ДУИ.

Претходно во текот на денов ТВ Алсат објави: „Изјавите за ‘заемна поддршка’ со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори не се ништо друго, туку само очајнички обид да се создаде илузија на сила онаму каде што нема ниту поддршка, ниту легитимитет, велат од ДУИ. Реакцијата на ДУИ уследува, откако пред неколку дена вицепремиерот Изет Меџити најави соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на локалните избори.“

ДУИ во своето соопштение, упатено до Вреди, истакна: „Реалноста е јасна: Вреди не можат да победат на ниту еден изборен натпревар без помош од други. Нивната коалиција беше отфрлена од гласачите и денес со партија, која не надминува ни 1 процент поддршка не се обидуваат да ја вратат довербата на Албанците, туку спасот го бараат на некое друго место. Затоа избраа да ѝ се предадат на македонска партија, надевајќи се дека нејзините гласови политички ќе ги задржат во игра.“