Вреди: ДУИ и ЕФ ги оддалечуваат Албанците од Западот и манипулираат, прикажувајќи го Груби како невин

„Коалицијата Вреди се огласи со свое соопштение, во кое истакна дека врв на манипулацијата се обидите да се прикаже Груби како невин и префрлањето на вината врз амбасадорите. Вреди нагласува дека пратениците нa Европскиот фронт ги оддалечуваат Албанците од западните стратегиски партнери.“објави информативната агенција „Журнал“.



Во соопштението, кое го пренесува агенцијата, натаму се наведува: „ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого да го напаѓа, а кого да го брани. Мијалков им стана помил од меѓународната заедница. Вреди со загриженост ги следи неодамнешните изјави на пратеникот Зејд Реџепи од Европскиот фронт, коалиција на ДУИ, со кои повторно се прави обид да се наруши довербата на Албанците кон нашите стратегиски партнери од Западот. Со ваквите ставови раководството на ДУИ и Европскиот фронт покажуваат дека не знаат што прават, оти се во целосна бркотница. Тие ги ставаат своите лични и партиски интереси пред стратегиските интереси на Албанците и на државата“

Од Вреди ги повикаа јавноста и членството на ДУИ „да размислат дали нивните лидери, кои продолжуваат да ги конфронтираат Албанците со нашите западни партнери, заслужуваат уште да ја водат партијата и да учествуваат во создавањето на иднината на граѓаните“. „Време е за јасна дистанца од корумпираните политики и противзападниот говор. Албанците и сите граѓани на * Македонија заслужуваат искрени лидери, одговорни политики и силно партнерство со ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница.“ – нагласуваат од коалицијата Вреди.

„ДУИ и Европскиот фронт ги оддалечуваат Албанците од западните сојузници. Настапите, со кои се изразува сомнеж во меѓународната заедницам укажуваат дека ДУИ и Европскиот фронт намерно настојуваат да ги оддалечат Албанците од Западот. Ваквиот говор е крајно штетен и оди спротивно на децениските определби на граѓаните на * Македонија, вклучително и мнозинството Албанци, за зачленување и блиско партнерство со ЕУ и НАТО. Неосновано е да се обвинува меѓународната заедница за сопствените криминални афери. Неразбирливо е како ДУИ и Европскиот фронт упорно го вперуваат прстот кон амбасадорите и странските институции, наместо да се соочат со сомнежите и фактите за своите корупциски скандали.“ – изнесува коалицијата Вреди во своето соопшение.