Вреди: ДУИ ги наполни џеповите од криминалот, а продава лажен патриотизам! – Нема да избегаат од кривичното гонење!

„Албанската коалиција Вреди реагираше на Демократската унија за интеграција, која, како што велат, стана синоним за криминал, корупција и изнуда на пари од бизниси и граѓани, особено од Албанци.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

„Алфакс“ го пренесува соопштението на коалицијата Вреди, во кое натаму се истакнува: Оваа партија со тенденции на режимите во Африка и Латинска Америка во текот на нивното 20-годишно владеење го доведе граѓанинот во состојба на питачење. Додека грст луѓе од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец, кој чесно си го заработуваше лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни потреби. Коалицијата Вреди нема да дозволи ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење. Додека ДУИ во опозиција има полна уста со лажен патриотизам, една нивна клика си ги наполни џебовите“, нагласува Вреди.

Вреди нагласува дека нема да дозволи да се заборават следните скандали на ДУИ:
– Рамиз Мерко, познат како „локалниот шериф“ во Струга, во четирите градоначалнички мандати изгради царство за себе и за семејството, па американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција;
– Назим Буши како заменик-министер за внатрешни работи заедно со неговиот син се одмораше во суперлуксузните хотели во Турција, каде што една ноќ чинеше 20 илјади евра;
– Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравија за 20 милиони евра, а потоа беше фатен со петарди;
– Блерант Џафери, синот на тогашниот претседател на парламентот Талат Џафери, го привлече вниманието кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека полагал право пред да дипломира, а потоа станал обвинител;
– Лотаријата и игрите на среќа во режија на Перпарим Бајрами и Артан Груби, кои ги преплавија нашите населби.

„Очекуваме органите на прогонот да си ја вршат работата, за која се платени од граѓаните и да ја вратат довербата во владеењето на правото. Октоподот на криминалот на Демократската унија за интеграција и нејзините сателити, кои стојат подготвени низ ходниците на канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ да бидат амнестирани за нивниот криминал, немаат за цел да ги застапуваат Албанците, туку да избегаат од кривично гонење. Вреди со професионалните и чесни кадри во Владата ќе се ангажира да не се испокраде џебот на граѓанинот. Партиска одмазда – НЕ! Одговорност – ДА! Да преминеме на АКЦИЈА!“ – се вели во соопштението на коалицијата Вреди.