Од коалицијата ВРЕДИ (VLEN) одговорија на повикот од страна на министерот за економија, Крешник Бектеши, кадар на ДУИ, кој предложи партиите да се согласат на заминување од политичката сцена на оние партии коишто ќе ги загубат изборите.
„Нека повелат сите јавно да потпишеме – тие што ќе изгубат да се повлечат од политичката сцена.
ДУИ ја фрла ракавицата, па другите нека повелат. Ова важи и за ВМРО-ДПМНЕ. Но, јас знам дека ДУИ досега не изгубила избори и тоа нема да се случи ни сега, па таква опција за неа нема да има“, рече Бектеши.
„ВРЕДИ нема да дозволи ни најмал простор за сеење магла. Ги повикуваме Али Ахмети и Артан Груби и Бујар Османи да изберат нотар и тајминг за да потпишеме изјави за тој што ќе ги изгуби изборите да се повлече од политиката засекогаш“, рече Астрид Илјази од коалицијата на опозициските партии на етничките Албанци (VLEN) ВРЕДИ .






