Вреди: „Гурабии“ се барањата на ДУИ за предвремени парламентарни избори

Само политички слепци не гледаат дека ако локалните и парламентарните избори се одржат заедно ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 60 пратеници, велат од коалицијата ВРЕДИ по барањата на Демократската унија за интеграција (ДУИ), покрај локалните, во октомври да се одржат и предвремени парламентарни избори.



„ДУИ не извлече никаква поука. Така, Ахмети во кампањата на изборите во мај минатата година во мачо-стил делеше гурабии и бисквити, за после кога го виде резултатот, да се понуди со четири министерства, без претседател на Собранието, со цел да влезе во Владата наместо ВРЕДИ, велат од коалицијата на партиите наАлбанците во Македонија,

Велат и дека ДУИ само продолжува да ја зајакнува ВМРО-ДПМНЕ со лаги за наводна дестабилизација, плашејќи го сопствениот народ со празни приказни.

Ако некој директно работел против интересите на Албанците, тоа се Али Ахмети и кројачот на дворски игри, Бујар Османи, човекот што го донесе Лавров во Скопје, што делеше тендери за рентакар како бакшиш за своите луѓе и издаваше дипломатски пасоши на кого ќе стигне, вклучувајќи ја и Татјана Димитровска, сега осомничена за оддавање службени тајни во случајот ‘Адитив‘“, велат од ВРЕДИ.

Од Коалицијата најавуваат дека „на фер и демократски избори, ВРЕДИ не само што ќе ја избрише ДУИ од политичката мапа, туку конечно ќе ја испрати онаму каде што одамна ѝ е местото – во политичката историја.