„Вреди“: Бујар не може да биде претседател, за него има обвинителен предмет за корупција! – Курбан е без Бајрам!

„Откако албанската опозициска коалиција ‘Вреди’ го претстави својот претседателски кандидат, ДУИ веднаш го смени ставот, искажан на една од косовските телевизии, кога изјави дека е рано за претседател-Албанец.“ – кажа на денешната прес конференција Фари Хисени од коалицијата „Вреди.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Бујар Османи е курбан без Бајрам на ДУИ – ‘Пациентот’ Бујар не може да го победи докторот Таравари!“.



ТВ Алсат ја пренесува изјавата на Хисени, дадена во овој контект: „Изненадувачки, по објавувањето на кандидатурата на д-р Арбен Таравари, кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, бргу го сменија ставот. Го предложија Бујар Османи со единствена причина: да не дозволат да има само еден заеднички кандидат-Албанец. Бујар Османи е курбан без Бајрам на ДУИ на овие избори. Бујар Османи не може да биде кандидат, кој ќе ги претставува Албанците бидејќи, за негов срам, е првиот и единствен Албанец со предмет во Специјалното обвинителство, каде што е обвинет за корупција во случајот наречен „Пациент“. Пациентот Бујар Османи не може да победи против докторот Таравари, бидејќи Таравари вреди, а Бујар лаже.“