Поранешниот освојувач на златната топка за најдобар фудбалер на светот Жорж Веа е избран за нов претседател на Либерија, откако победи во 12 од 15 области во западно-африканската земја.



„Сакам да ви заблагодарам на сите, на целиот либериски народ за честа која ми ја укажавте. Ова е голема надеж за сите нас“, напиша Веа на Твитер.

Поранешниот напаѓач на Милан, Челси и ПСЖ станува 25. претседател на Либерија, откако го победи 73 годишниот против кандидат Џозеф Боакаи, кој беше на таа позиција во последните 12 години. 51 годишниот Веа успева во вториот обид да стане претседател откако во 2011 година ги загуби изборите.