Војната во Украина не требаше ни да почне, вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веднаш штом ќе се договорат разговорите, процес за кој рече дека веќе е во тек.



Откако како претседателски кандидат изјави дека би можел да ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата, Трамп истакна дека му останува уште половина ден за да ја постигне таа цел.

„Ќе се обидеме тоа да се случи што е можно побрзо. Знаете, војната меѓу Украина и Русија никогаш не требаше да започне“, им рече тој на новинарите во Овалната соба.

Новиот амрикански државен секретар, Марко Рубио, претходно вчера изјави дека не може да постави временска рамка за завршување на војната меѓу Русија и Украина, но им рече на новинарите дека секоја страна ќе мора да направи некои отстапки како природен дел од решавањето на секој конфликт.

Трамп ќе му каже на украинскиот претседател Зеленски дека не направил доволно „бидејќи најголемиот дел од своето население не го повикал под (украинското) знаме“, истакнувајќи дека Зеленски ги изоставил „мажите од населението кои даваат сила и моќ“.

Од друга страна, ако Путин ги отфрли барањата на Трамп за прекин на војната, Вилки вели дека една од извршните наредби на Трамп ќе ја „отклучи енергетската моќ на Америка“.

„Протокот на американскиот течен природен гас во Европа ќе започне“, рече Вилки, „а присуството на Соединетите Држави на светскиот пазар на нафта ќе ја намали цената на нафтата – ќе ја банкротира руската економија. Тоа ќе изврши огромен притисок за воената економија на Путин“.