Зголемување на цените на такси-услугите, бараат таксистите од Скопје, кои истакнуваат дека сегашниот ценовник не се менувал 11 години.
Тие бараат стартот да изнесува 60 денари, а за секој изминат километар да се наплаќа по 35 денари.
За чекање во место тарифата треба да изнесува 480 денари за час.
Бараното поскапување од 20% го оправдуваат со зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување на возилата.






