Возел пијан низ Тетово – полицијата го уапсила

Вчера околу 14:10 часот на улицата Маршал Тито во Тетово, полициските службеници привеле 42-годишен возач од Скопје кој управувал возило под дејство на алкохол.



Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при контрола на патниот сообраќај, полицијата запрела патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Д. (42) од Скопје.

По извршената проверка, било утврдено дека возачот има дури 2,15 промили алкохол во крвта, што е значително (повеќе од 4 пати) над законски дозволената граница.

МВР информира дека лицето било веднаш лишено од слобода, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.