Возач на возило на итна помош кој по 9 години одговорно и професионално вршење на својата работа со договор на дело денеска бил избркан од работа без никакво објаснување.
На возачот кој има 4 деца од страна на менаџментот му било речено да не доаѓа на работа додека не се најдат пари за неговата плата.
На прашањето зошто е избран кога не направил никаква грешка ниту прекршил работна дисциплина му било речено дека наредната доаѓа од министерството за здравство и од највисокото од владата.
Возачот на Итната помош во Скопје не е единствениот кој денеска го добил поздравот за ,,договорците” во здравството од страна на владата.
Според информaциите на expres.mk денеска стотици вработени во здравството добиле налог од утре да не идат на работа.
Пред само 25 дена министерот за здравство изјави дека сите лица вработени во здравствените институции со договор на дело ќе бидат вработени на недопределено време.
Поврзана содржина
Недопирливата заменичка министерка од СДСМ е крајно лево на сликата






