Воз прегази две сестри во Србија

Вчера во 17 часот и 45 минути, патнички воз на релација Земун – Ниш, кај Лапово, удрил во две жени.



Како што дознава „Блиц“, двете жени биле сестрите  К.Ж. (32) и Н.Ж. (31).

Тие пеш ја минувале пругата, на пат кон Здружението за помош на лица со попреченост „Зора“ Лапово.

Неофицијално  тие откаго ја поминале пругата се вратиле бидејќи им паднале пари па ги барале.

Ниту го виделе возот, ниту го слушнале.

Пожарникари го извлекувале телот на една од загинатите од под возот.