Водечки бугарски аналитичар за влијанието на Русија, Турција, Грција и Србија врз Македонија

Не треба да се потценува потенцијалот на Русија да влијае во Македонија но не треба ни да се натценува оваа можност, вели бугарскиот политиколог Огњан Минчев во врска со судирот меѓу западните сили и Москва во бугарското соседство.



„Русија нема традиција на силно влијание во Македонија. Русија денеска се обидува да наметене некакви конкретни форми на влијание во Македонија и во регионот но е ограничена од својата општа стратегија во странство. Неуспешниот обид за преврат во Црна Гора и вртењето на Србија кон ЕУ и западните врски покажува дека Русија засега нема успех, влијанието во Република Српска не е  доволно. Затоа Македонија е место каде што Русија сака да покаже дека има влијание во регионот. Не треба да се очекува дека Русија и опозицијата ќе прифатат пораз“, вели еден од водечките бугарски аналитичари според кого Македонија ја очекуваат важни настани, локални избори и решавање на проблемите со соседите.

Минчев смета дека Турција води инвазивна политика со која сака да ги стави под контрола муслиманските заедници на балканот, преку економско и културно но и други нелегални шеми да направи влијание во регионот. Тој сугерира дека Турција била и се повеќе ќе биде фактор во Македонија поради начинот на кој што предходната влада ја водела меѓународната и внатрешната политика.

Според Минчев името не е само прашање на грчките погледи на политиката и историјата туку и резултат на една шема во која се вклучени и СИРИЗА и Белград и Москва. Грција се надева дека кризата во Македонија може да го олесни планот за приближување на Белград и Атина, смета бугарскиот аналитичар.

Грција и Србија исто така треба да се откажат од противењето на договорот меѓу Македонија и Бугарија за кои Минчев смета дека постои и во двете држави, затоа што со тоа ќе се спречи планот на северниот и јужниот сосед за создавање поблизок сојуз. Тој не очекува брзо решавање на спорот за името поради сите овие прашања.

Минчев се надева дека договорот за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје ќе биде потпишан на 2 август но според него темата е многу деликатна и ништо не може да се прогнозира со сигурност.

„За Бугарија е исклучително важно да потпише договор со Македонија не само поради специфичното историско и културно наследство меѓу двете држави туку и поради фактот што споредено со сите други соседи односите со Македонија се во една блокада во долг период“, изјавил Минчев кој е дел од „Институтот за регионални и меѓународни односи“ во емисија на Блумберг на бугарски јазик.