Во Ќустендил прават вино и ракија од македонско грозје

Веќе неколку години Д. Неделчев. претпочита да купува грозје на пазарот во Крива Паланка, а причината е едноставна – цеата е двојно пониска од таа во Бугарија.



На пазарите во Ќустендил, во моментот цената за килограм се движи помеѓу 80 стотинки и 1 лев, односно  половина евро.

Купив малку Цран Вранец, тоа е како нашето Мерло, вели Неделчев според кој негов пријател, од Крива Паланка купил грозје за 40 стотинки, но квалитетот не е подобар од бугарското грозје.

Но, пазарувањето во Крива Паланка има мала пречка, пишуваат бугарски медиуми. На граничните премини со Македонија има ограничувања за увоз на стоки во Бугарија. Затоа многумина од Кјустендил се групираат и пазаруваат заедно.

За десет килограми никој не оди до Македонија, но кога се петмина по десет или 20 килограми, се доааѓа до стотка.

Македонски граѓани, исто така, продаваат грозје во Бугарија, но по цена еднаква на онаа по која се продава бугарското грозје.

За да привлечат повеќе клиенти, трговците од Ќустендил нудат бесплатна берба на грозје па дури и транспорт.