Во Струмица на улица дрво смачка автомобил

Синоќа околу 20 часот дрво паднало врз автомобил паркиран на улица во Струмица.



За настанот преку објава на социјалните мрежи информираше струмичката Територијална противпожарна единица, која со двајца пожарникари интервенирала на местото.

Во случајот нема повредени.

„Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул. ‘Ванчо Китанов’, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 2 пожарникари-спасители интервенираше на отстранување на паднато дрво врз автомобил. За кратко време дрвото е отстрането од улицата“, стои во објавата на Фејсбук.