П.П. (89) вчера во селото Тополница кај Мајданпек во Србија со пушка зстрелал во грб брачна двојка и ранил уште едно лице.



Двојниот убиец побегнал од местото на злосторството, поради што полицијата тргнала во масовна потера.

Набрзо го пронашле 89-годишниот старец и го убиле при обидот да го уапсат.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека 89-годишникот одбил да се предаде.

„Припадниците на Специјалната антитерористичка единица вечерва го неутрализираа двојниот убиец П.П.(89), кој во село Тополница, кај Мајданпек, со пушка ги уби брачната двојка Р.Ј.(69) и Р.Ј.(68) и го рани М.Н.(59). ).

И покрај обидите за преговори и фрлањето солзавец и шок бомби, лицето не сакало да се предаде“, рече министерот.