Сплитската полиција соопшти дека уапсила четири лица меѓу кои и малолетник. поради синоќешните напади врз странски работници.
Четворица помлади лица облечени во црна облека и со капи на главите го нападнале 41-годишниот доставувач додека тој вршел достава. Го запреле со неговиот мотор и физички го нападнале. Доставувачот извадил скалпел барајќи од нив да го запрат нападот.
Лицата го продолжиле нападот, при што еден од нив е повреден. Утврдено е дека се работи за малолетник, хрватски државјанин, кој бил пренесен во болница и укажана на лекарска помош. Тој се здобил со полесна физичка повреда – расекотина на челото, а по пуштањето од болница бил донесен во службените простории и во тек е кривична истрага.
На доставувачот му била укажана и лекарска помош. Утврдено е дека се здобил со полесни физички повреди.
Уапсени се сите четири лица кои учествувале во нападот – може да одговараат за кривичното дело тешка телесна повреда во обид поврзан со кривично дело од омраза.
По тој настан се случија уште три:
Две непознати помлади лица со стапови нападнале доставувач на храна, државјанин на Непал, по што избегале од местото. Непалецот се здобил со тешка физичка повреда (скршена коска на раката).
Четири помлади мажи на земја фрлиле седум мопеди што ги користеле странски државјани.
Истата вечер три непознати маскирани млади момчиња физички го нападнале доставувачот на храна, државјанин на Индија и му се заканувале. Жртвата била полесно повредена. (Индекс.хр)






