Во Софија страв дека Заев нема да може да донесе одлука за договорот

Во Македонија има  националистичка хистерија која што е организирана од ВМРО – ДМНЕ која иако е блиску поврзана со бугарската историја е најголем носител на анти – бугарски сентимент во моментов, изјавил за бугарската национална телевизија Красимир Узунов некогаш шеф на одделот за Македонија во Бугарската служба за државна безбедност а сега сопственик агенцијата ФОКУС.



Узунов се сомнева во желбата на Заев да понесе одговорност и да донесе одлука  за потпишување на договорот со Бугарија.

Постои сценарио организирано од ВМРО – ДПМНЕ кои повикуваат да не се потпише договорот затоа што тој не носи корист за Македонија туку само за Бугарија која што ќе добие театри , училишта и културни центри за своето малцинство таму а Македонија ќе нема право да го задржи своето малцинство со своја историја, јазик и самочувство“, вели Узунов.

Целта на ВМРО – ДПМНЕ е да не дозволи земјата да ги прекине синџирите и состојбата во која Бугарија и Грција се сметаат за непријатели на Македонија, коментира екс агентот на бугарските тајни служби.