Во Скопје се случила средба што на Ахмети му предизвика лошо расположение. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во централниот штаб на „Вреди“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посетил централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје каде се сретнал со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.
ТВ21 ги праша „Вреди“ што се разговарало на средбата, и зошто не биле присутни другите лидери, а од таму добиле одговор дека сепак лидерите се во целосна координација.
„Поставена е агенда за совладеење, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата. Сите лидери се во целосна координација за средбата, но имаа активности на терен бидејќи се носители на листи во областите“, велат од Вреди за ТВ21.






