Во сабота во Градски парк настан на кампањата „Крени глас“ на Макпетрол 

Макпетрол го стави фокусот и го препозна врсничкото насилство затоа што тоа навистина постои. Соодветниот пристап кон жртвите е особено важен вели психологот Деспина Стојановска.



Според актерот Сашко Коцев, кој е дел од оваа општествено одговорна кампања вели дека нема рецепт но има многу начини. Со кампањата „Крени глас“ се споделија многу искуства, а дел од нив се со позитивен исход.

Нивните изјави доаѓаат како најава за утрешниот голем настан што ќе се одржи во Градски парк на Школка што е дел од корпоративната иницијатива на Макпетрол чија цел е подигнување на општествената свест  и унапредување на активностите  за навремено препознавање  и превенција на булингот кај младите.