Осомничениот Д.Д.(1984) од Бор, кој во саботата добил притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на неговиот брат Д.Д., осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по извршеното кривично дело , почина синоќа.
Починал во Полициското одделение во Бор, соопшти МВР.
Далибор Драгијевиќ (40), пред да почине признал дека му помогнал на својот брат Дејан да се ослободи од телото на Данка Илиќ, дознава „Блиц“.
На Д.Д му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор кои се обиделе со реанимација, тој починал во 03:10 часот, а лекарот судски вештак констатирал природна смрт.






