Поглавјата 34 и 35 за Македонија исчезнаа од кластерите за преговори со ЕУ.Тоа се двете клучни поглавја во преговите на земјите кандидати. Поглавјето 34 е наречено „Институции“ , додека 35-ката е наречено „Друго, или останато“ – пренесе Република.

Ова значи дека ако ЕУ некогаш одлучи Македонија да стане дел од ЕУ тоа нема да биде како „нормалните“, односно големите земји-членки. Уште помалку тоа значи дека ќе учествуваме во институциите на ЕУ, ќе гласаме за буџетот на Унијата или пак не дај боже да да се надеваме на комесар.Едноставно ќе бидеме втора накај трета лига ЕУ.

Поглавјата 34 и 35 се изоставени за Македонија и за Албанија, но ги има во преговорите на Србија и на Црна Гора.


Она што е уште пострашно е што во поглавјето 34 се преговара за признавањето на македонскиот јазик како еден од јазиците на ЕУ кои ќе биде рамноправен со останатите јазици – коментира Република.
Овие поглавја веројатно ќе се најдат на маса дури откако ќе бидат затворени сите останати, односно пред самиот прием во ЕУ.





