(Видео): Во Пехчево изгоре џип на локалната самоуправа

Вкупно десет пожари се активни на територија на Македонија во текот на денешниот ден. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека и по три недели од неговото избувнување, пожарот кај „Јасен“ се уште не може да се стави под контрола. Денеска, вели, се појави нов пожар во Пехчево, што предизвика паника кај граѓаните. Ангелов изјави дека овој пожар е тежок за гасење, но и оти во него изгорел и еден џип на локалната самоуправа.



  • Пожарот во Јасен не можеме да го ставиме под контрола, сè уште се движи низ ловиштето, додека вториот крак се движи во насока на селото Белица иако силно се обидуваме да го стопираме пред самото село“, вели Ангелов.

Првиот човек на ЦУК додава дека „во моментот сме многу слаби со воздухоплови и повторно ќе треба повторно да се потпреме на правење на противпожарни пресеки“.

Тежок пожар има и на територијата на Ресен, кој се спушта кон Стење, на тешко пристапен терен и постои опасност да влезе во шума. Активен пожар има и во Општина Новаци којшто зафаќа голема површина на која гори ниска вегетација, а два тешки пожара има и на територијата на Кичево.