Зголемување на старосната граница за заминување во пензија и на придонесите за пензии се двете можности за стабилизирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои ги разгледуваат владата и економски експерти.
Возраста на заминување во пензија да биде 64 и 66 наместо сегашните 62 години старост за заминување во пензија на жени и 64 за заминување на мажите, а од 18 на 22 отсто треба да се зголемат придонeсите, а вели економскиот експерт, Благица Петрески, во емисија за Алсат М.
Ако се воведе овој комбиниран модел, тогаш состојбата во ПИОМ ќе се стабилизира во рок од пет до 10 години, смета Петрески, а државата би имала можност и да ги покачува пензиите затоа што се очекува и раст на стапката на вработеност.
Експертската анализа утврдила и дека дефицитот во Фондот е направен со антикризните мерки што ги воведе владата на Никола Груевски, кога придонесите од 20 отсто ги намали на 18 проценти за придонеси.
„Тоа што се направило, било неоддржливо“, смета Мила Царовска, министерка за труд и социјала
Ако во 2000 година “дупката“ во касата на Фондот била 4 милијарди денари, во 2016 година изнесува дури 26 милијарди. Недостатокот од овие средства секоја година ги надополнува Владата со пари од државната каса.
Целиот пакет кои мерки и чекори ќе бидат преземени треба да финализираат во првиот квартал од годинава, пренсува Алсат М.





