По именувањето на 33 заменици министри, новата влада во Албанија е комплетирана и подготвена да владее во наредните четири години.
„Малата влада“, како што ја нарекува премиерот Еди Рама, воопшто не е мала според трошоците кои секој месец ќе ја чинат албанската држава 70 милиони леки, односно 522.434 евра, пишува „Албаниан дејли њуз“.
Платата на премиерот е 1.700 евра, министрите ќе земаат по 1.200 евра, додека месечнта плата на секој од 33 заменици министри ќе биде малку над 1.300 евра.
Премиерот Еди Рама назначи четворица заменици министри кои се од Косово, со што испрати „политичка порака“ за неговите амбиции да игра поширока улога во регионот, велат експертите.





