Голден Стејт по малиот застој брзо им се врати на победите, Кливленд влегува во сериозна криза, а Сан Антонио не е во опасност, но ја прекина добрата серија победи. Тоа се најзначајните моменти од натпреварите во претпоследниот ден од 2017 година во најсилната кошаркарска лига на светот каде прекин нема, вусшност никогаш и немало, па вечерва во пет различни термина се играат осум средби.
Стефон Кари се врати од отсуството и повредата со 38 поена во победата на Голден Стејт против Мемфис од 141-128. Плејот имаше извонредна шутерска вечер и по деветти пат во кариерата успеа да даде двоцифрен број на тројки. Шутот на Кари зад линијата 6.75 беше 10 од 13.
Ако првиот играч на Вориорс беше одличен, предводникот на Кливленд не беше свој кај Јута што се одрази со пораз од 104-101. Леброн Џејмс имаше 29 поени, но во последната четвртина ги направи поголемиот дел од 6 грешки односно загубени топки што им овозможи на Џезерите да слават во тесен меч во кој блесна рукито Донован Мичел со 29 поена. Инаку Солт Лејк е едно од местата во кои Кавси традиционално лошо минуваат, па ова беше нивни осми пораз во деветтото гостување.
Во останатите мечеви. Сан Антонио е поразен кај Детроит со 93-79 затоа што Андре Драмонт доминираше во двата рекета со 21 скок, Њујорк го победи Њу Орлеанс со 105-103 затоа што Порзингис уфрли 30 коша, Мајами беше подобар од Орландо со 117-111 бидејќи Џонсон даде 22 поена во последната четвртина, Атланта немаше проблем со ослабениот Портланд 104-89, а Филаделфија со голем камбек славеше со Денвер со 107-102.