Пушачите во Милано, ризикуваат да бидат казнети ако запалат цигара на градските улици или на јавни површини, откако денеска стапи на сила најстрогата забрана во земјата.
Оние кои ќе ја игнорираат новата забрана во градот кој се смета за еден од најзагаденте на северот на Италија би можеле да бидат казнети од 40 до 240 евра, а оваа казна не им одговара на сите жители.
„Новиот закон е престрг според мое мислење. Се согласувам дека нема да пушам во затворени простории или во близина на постара личност или дете, но забраната за пушење на отворено донекаде ја ограничува личната слобода за мене“, изјави жител на Милано за АФП. .
Од 2021 година, пушењето е забрането во паркови и игралишта, автобуски постојки и спортски објекти.
Последната забрана за пушење, која стапи на сила на 1 јануари, се однесува на „сите јавни простори, вклучително и улиците“, освен „изолираните места каде што е можно да се одржи растојание од најмалку 10 метри од другите луѓе“, се вели во текстот.






