Во Македонија отпор за мигранти, Србија ќе им дава државјанства

Американскиот амбасадор во Србија Кајл Скат денеска објави дека за колем број мигранти Србија ќе биде крајот на патот односно дека тие таму ќе добијат државјанство.



Скат својата изјава ја дал по посетата на основно училиште во Земун каде што учат 47 деца бегалци а бил придружуван од министрите во српската влада Зоран Џорџевиќ и Александар Вулин. Според амбасадорот голем дел од бргалците од Авганистан и Пакистан на крајот ќе станат Срби, пренесуваат српските медиуми.

Скат и се заблагодарил на Србија што прифатила толкав број мигранти и им овозможила образование во училиштата.

„Тие пристигнале во Србија која што не им била крајна дестинација, но околностите се такви да сега тие се тука и за многу од нив Србија ќе биде нивна конечна дестинација“, изјавил Скат според кого иако мигрантите се дојдени од Пакистан, Ирај и Авганистан тие ќе станат Срби.

Според српскиот министер за одбрана Вулин во Србија во моментов има околу 4000 бегалци а сите тие и нивните деца се здравствено и образовно згрижени.

Најголемиот дел од помошта за децата бегалци ја обезбедува амбасадата на САД во Белград а проектот го спроведува Данскиот совет за бегалци.