Денеска не очекуваат два репрезентативни фудбалски натпревара и, иако во првиот, по хронологија, станува збор за младинци, важноста им е безмалку иста. Ова по најголемиот успех во нашата фудбалска историја што го постигна токму селекцијата до 21 година која на почетокот од летото заигра на завршница од Европско првенство. Денеска таа е на отворање на нов турнус кој би било идеално да започне со победа во Ереван. За нашата нова генерација немаме премногу сознанија иако извонредниот Елиф Елмас и се приклучи, па треба да видиме како се тоа ќе функционира, но од друга страна и Ерменија не делува како нешто непремостливо.



Дуелот Ерменија-Македонија од младинските фудбалски квалификации за Европското првенство е од 17 часот и со него практично отвораме серија од десет средби во групата 7 во која попладнево играат и Русија и Гибралтар.