Функционерите на ДУИ потпишаа денес „Кодекс за добра пракса и интегритет“, откако оваа партија отпочна на 13 февруари 2025 година „ветинг (проверка) на своите пратеници. „Тоа претставува клучен чекор во сеопфатниот процес на реформи и ветинг“ – велат од ДУИ во нивното соопштение.
„Предводена од претседателот Али Ахмети, оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за поставување високи стандарди за политичко однесување. Кодексот на добри практики и интегритет, кој е усогласен со меѓународните стандарди на Венецијанската комисија и Парламентарното собрание на Советот на Европа, претставува цврсто ветување од страна на централното претседателство на ДУИ дека посветено поддржува етичко управување.“ – наведува натаму партијата на Ахмети.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети истакна: „Денес нашите членови на централното претседателство започнуваат да се подложуваат на ветинг и го потпишуваат Кодексот за добра практика и интегритет, со што го продолжуваат процесот на реформа на ДУИ. Со тоа ја потврдуваме својата силна посветеност на транспарентноста и етичкото лидерство.“
ДУИ во своето соопштение посочува дека нејзината „сеопфатната реформска стратегија вклучува не само пратеници, туку и високи партиски функционери и лидери на локалните партиски ограноци“ и нагласува: „Овој сеопфатен пристап е создаден да го зајакне антикорупцискиот став на партијата и да претстави култура на интегритет во сите политички процеси. Со водење преку личен пример, ДУИ покажува цврста посветеност кон владеењето на правото и проактивен став против корупцијата. Оваа иницијатива ја одразува определбата на ДУИ да поттикне значајни промени во партијата, но и во пошироката национална рамка на владеење.“
Home Македонија Во ДУИ потпишаа „Кодекс за добра пракса и интегритет“, ќе бидуваат „антикорупционери...





