Голем скандал е на повидок, соопштија од СДСМ според која лажните анкети што се објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.



СДСМ фатени со лажна вест за наводни лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ

Според документот кој го објавуваат, Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2024 (значи шест-седум месеци по престојните избори) (ќе) „подготви оперативен план за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести“, соопшти СДСМ.

„Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека “документите на СДС се целосно измислени, следува тужба за клевета, очајнички лажат и манипулираат“ и додаваат:

„Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес, како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДСМ.

Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДСМ е нормално да го згрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски, веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста.

Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДСМ, кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз“.

Откако синоќа новинарот Фуркан Салиу објави сторија за постоење „оперативен план, меѓу другото и за креирање на лажни вести“, утрово со наводни документи излезе и владејачката СДСМ. Според клеветничките обнвинувања, задолжен за тоа, освен шефот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галевски, бил и Владимир Божиновски, сопственик на Агенцијата ИПИС, која од 31 јануари па до денес прави анкети за МТВ.

На ова, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа:

„На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи. За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето…“