Наспроти инсистирањето на Албанец да добие казна за сообраќаен прекршок и на албански јазик, како во видеото на социјалните мрежи што ја возбуди јавноста во Македонија, во Дебар нема ни двојазичност, туку супремација на албанскиот и игнорирање на македонскиот, како јазик на двотретинското мнозинство во државата.
Но, сега го нема „претседателот на пола свет“ Бујар Османи да реагира за написот „Јас го сакам Дебар“ само на албански, како што го правеше тоа за таблите на државните институции веднаш по усвојувањето на Законот за употреба на јазиците од неговата ДУИ, со поддршка на СДСМ и на другите партии на Албанците од Македонија.






