Во Грција слават 25 години од изјавата на Глигоров дека „ние сме Словени“

Повеќе грчки медиуми со нескриено задоволство одбележуваат четврт век од изјавата на некогашниот македонски претседател Киро Глигоров дека Македонците се Словени, пренесувајќи го текстот на весникот „Вечер“ за таа тема од пред неколку дена.



„Во време кога сè уште, во 21. век, се водат битки за и против македонскиот идентитет, вредно е да видиме изјава на некогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, дадена на 6 март 1992 година, во која тој објаснува кои сме и што сме. Три години потоа Македонија ќе го смени своето национално знаме со новосоздадено според дизајн на Мирослав Грчев, како и името на државата Македонија со ФИРОМ. Грција оваа изјава многу често ја употребуваше за потреби на своите ставовикон барањето за промена на македонското уставно, државно име, додека кај нас оваа изјава речиси никој јавно не ја објавува веќе 25 години“, напиша „Вечер“ на 21 ноември, а текстот заедно со видеото https://youtu.be/9opi-M9E37A го пренесоа грчките „Е-Радио“, „Мајпортал“ итн.

„Ние сме Словени, дојдени во 6. век на овие простори, немаме никаква врска со Александровата цивилизација“, вели во снимката првиот претседател на независна Република Македонија.