Купувач од Копривница, Хрватска, бил шокиран откако во купена „бајадера“ минатата недела открил црви.
Слично нешто се случило во истата продавница во јануари, а потоа повторно на крајот на јуни.
„Во фабрички спакуваната амбалажа на популарниот десерт, со соодветен рок (до 02.01.2025) влегоа масни, бели црви! објави на Фејсбук здружението на потрошувачи Хало, инспектор, додавајќи дека црвите што се појавиле на почетокот на зимата биле кафеави и издолжени, додека тие сега се дебели, бели и прилично троми.
Производителот „Краш“ реагираше брзо, нагласувајќи дека многу од нивните производи се чувствителни на условите за складирање.
„Во Бајадера постои можност од контаминација поради неправилно складирање. За развој на ларвата на молецот потребни се 21 ден. Молецот може да навлезе низ амбалажата доколку условите за складирање се несоодветни или ако производот се чува блиску до брашнасти материјали“, велат од „Краш“. Indeks.hr



