Во Атина се очекуваат еден милион „бранители“ на името Македонија

Организаторите на протестот во Атина од кој треба да се испрати порака дека за Грците терминот „Македонија“ е неприфатлив во сложеното име за нашата земја, очекуваат на улиците да се појават барем еден милион луѓе. Еден од огранизаторите на протестот закажан за четврти февруари, Стергиот Калогирос за АП изјавил дека таа бројка е достижна.



„Локалните владини агенции го пддржуваат собирот и рекоа дека ќе им помогнат на градоначалниците ширум земјата за да обездбедат автобуси за превоз на народот до Атина. И црквата во суштина го даде својот благослов“ – изјави Калогирос за АП.

Грчката православна црква јасно го изрази ставот дека се противи на можноста „Македонија“ да стои во сложеното име, а високи црковни лица се појавија и на демонстрациите во Солун, каде ја дополнуваа националистичката иконографија составена од активни грчки офицери, лица облечени како Андарти од почетокот на минатиот век и претсатвници на ултрадесничарската Златна зора со знамиња со сонцето од Вергина во рацете.

Грчката влада нема ништо против демонстрациите иако, за воља на вистината, соопшти дека тие сами по себе не ја претставуваат вољата на целиот грчки народ, туку само на екстремистичките елементи во земјата.