Сите здруженија на Македонците од Албанија категорично се спротивставуваат на разните изјави за наводно постоење на бугарско малцинство во таа земја.
Во Албанија немало и нема Бугари, туку само Македонци“, наведуваат од друштвото, „Илинден“.
Од Албанија во средината на октомври се очекува да го усвои новиот закон кој е во собраниска процедура и со кој на малцинствата им се даваат повеќе права во согласност со најдобрите меѓународни стандарди.
И Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) вчера го поздравува новиот закон за малциствата кој ќе го зајакне статусот и правата на малцинствата во оваа земја. Република Албанија.
Во законот јасно е наведено кои малцинства живеат во Албанија, а тоа се Македонците, Грците, Египќаните, Власите, Ромите, Црногорците, Србите и Бошњаците.
Значи не се признава постоење бугарско малцинство, како што тоа некој се обидуваше во изминатот период пишува електронското издание на весникот „Илинден“ од Албанија.
Според предлагачите на Законот, тој е во согласност со препораките на ЕУ и во него се регулираат сите права кои им припаѓаат на малцинствата. Ваков закон Албанија носи по првпат и е еден од приоритетните закони што ги бара ЕУ.
Предлог-законот беше претставен како заеднички документ на четири министерства откако една работна група работеше на неа речиси три години.
Документот, исто така, го следи барањето на Европската комисија, во време кога еден од петте критериуми што Албанија треба да ги исполни за да ги започне разговорите за пристап во ЕУ е „почитување на човековите права и заштита на малцинствата”.
За првпат предлог-законот ги утврдува правата на малцинствата за официјално користење на нивниот јазик во локалните власти, доколку тие сочинуваат 20 проценти од локалното население и постои вистинска потреба за тоа.
Новиот закон, исто така, им овозможува на осумте малцинства да ги именуваат патиштата и административните места на нивните јазици, заедно со албанските имиња, кога малцинството сочинува над 20 проценти од локалното население.
Нацртот, исто така, ја обврзува владата да додели дополнително финансирање за поддршка на малцинствата и да создаде официјални комитети за национални малцинства.
Македонското друштво “Илинден”-Тирана го поздравува потегот и нагласува дека Албанија полека почнува да покажува реална слика за малцинствата во таа земја.
Минатата недела, бугарскиот премиер Бојко Борисов во телефонски разговор го повикал албанскиот колега Еди Рама да се заложи за закон што ќе ги гарантира правата на бугарското малцинство во таа земја.





