ВМРО-ДПМНЕ ја започна парламентарната кампањата на традиционален начин (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја започна парламентарната кампања во црквата Света Петка во охридското село Велгошти.



Пред собраните верници, членови на ВМРО-ДПМНЕ и граѓани зборуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и носителот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 и генерален секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски.

Официјално ВМРО-ДПМНЕ кампањата ја започнува вечерва со голем митинг во Охрид.