ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го глуми Заев во СДСМ

Марионетата на Заев, наместениот претседател на СДС, Венко Филипче има огромна поддршка од Заев заради нивното минато. Минатото на Заев и Филипче, за жал продолжува во сегашноста преку потрчкото на Заев, Филипче, кој сега го глуми Заев во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



„Заев не може да се откаже од Филипче, бидејќи тој во сегашноста му ги води политиките, а во минатото, тендерите.

Да ја потсетиме македонската јавност, дека Филипче беше фатен во „Крвави тендери’’, вредни 35 милиони евра. За среќа на македонската јавност, ВМРО-ДПМНЕ, јавноста и медиумите го спречија ова.

Инаку, тендерот ќе завршеше во рацете на фирма со име АХР ЛАБ, која беше без корпоративна електронска пошта, односно нејзиниот меил беше жути@јаху .

Заев и Филипче треба да бидат минато на политичката сцена, а не Заев да го промовира Филипче како ново лице во СДС.

Заев и Филипче се директни виновници за сите работи заради кои тоневме како држава. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи веќе тоа изживување на институциите и државата, се вели во денешното соопштение од владејачката партија.