ВМРО-ДПМНЕ: Три дена биле затворени сите хируршки сали на Хирургија во Клинички центар

Молк од „транспарентната“ власт за колапсот на Клинички центар, каде три дена беа надвор од функција СИТЕ хируршки сали, а не можеа неопходната услуга да ја добијат дури ни итните и животно-загрозувачки пациенти.



Изостанаа одговори како дојде до овој КОЛАПС на Клинички што е недозволиво да се случи на терциерно ниво, каде се третираат итни и неодложни состојби и за првпат се случува во историјата на македонското здравство.

Ова утрово го објави најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ на нивниот Фејсбук профил.

Од таму истакнуваат дека „неспособната власт која не водеше грижа за инфраструктурата, освен што до колапс го доведе хируршкиот блок на Клинички центар кој надвор од функција беше три дена, сега согласно информациите ПЕТ дена истечен е сертификатот за порталот на ФЗОМ и не е во функција“.

Тие воедно потсетуваат и на претходните проблеми, поточно на периодот кога ФЗО се соочувал со потешкотии во работењето.
Јавноста многу добро памети кога за прв пат во историјата се случи колапс во ФЗОМ кога целиот систем беше блокиран со денови, заради истата и позната неспособност. И тогаш во така блокиран систем, видовме НУЛА отчетност и транспарентност, а директорите со денови беа сокриени од јавност и не можеше да се дојде до основа информација – се наведува во нивната објава.
Притоа додаваат дека ВМРО -ДПМНЕ ќе стави крај на ваквите штетни политики и на неодговорното и недомаќинско работење.