„Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира.
Пендаровски доби поддршка од Извршниот одбор на СДСМ за кандидат за претседател на Македонија
Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат“ реагира опозицискатга ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната вест дека Извршниот одбор на СДСМ го поддржа актуелниот шеф на државата за кандидат за уште еден претседателски мандат
„Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДСМ никој не се нафаќа да ги изгуби изборите.
Но, едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет.
Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави.
Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата.
За тоа ќе биде казнет на следните избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде најавуваат дека во наредниот период ќе потсетат на сите случаи во кои Пендаровски го погазил својот збор и личен интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија.





