По повод приведувањето на поранешниот директор на Истражниот затвор Скопје Филип Андов – Сокол и заповедникот во истиот затвор Сашо Крстевски – Ѕверот, се огласи ВМРО-ДПМНЕ според која нема повеќе недопирливи, и дека одговорност и правда за секој кој го прекршил законот мора да имаќ
„Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување.
Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот.
Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС.
Индиции и докази за криминалот и злоупотребите од страна на функционерите за време на 7 годишно владеење на СДС и ДУИ се пред очиглед на јавноста.
Во текот на вчерашниот ден беше приведен Филип Андов -Сокол член на ЦО на СДСМ и ексдиректор на Истражниот затвор Скопје и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, кои се главни осомничени.
Ексдиректорот Филип Андов- Сокол претходно му беше советник на експремиерот Зоран Заев за креирање политики за граѓаните на Град Скопје.
Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса.
Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






