Пратениците на најголемата опозициска партија нема да учествуваат во работата на Законодавниот дом се додека не се создадат услови за нормално и демократско функционирање на институцијата, изјави денес Христијан Мицкоски, новиот лидер на најголемата опозициона партија.



Власта е таа која треба да избере помеѓу реформите и просперитетот од една страна и политичкиот прогон и неистомислениците од друга страна, рече Мицкоски според кој зад одлуката стојеле сите членови на пратеничката група на партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција  рече дека во моментов нема демократски амбиент за работа во Собранието, бидејќи 12 отсто од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште се наоѓа во притвор.

Шест пратеници на оваа партија се во притвор заради поврзаност со настаните од 27 април и упадот во Собранието.