„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и пратениците и членови на Извршниот комитет Марија Митева и Антонијо Милошоски оствари средба со Мануел Сарацин, специјалниот претставник на Германија за Западниот Балкан. Во духот на одличната соработка беше и оваа средба, на која беа нагласени важноста на реформските процеси и можностите за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Германија.“ – објави ВМРО ДПМНЕ на својата официјална интернет-страница.
Во објавата на ВМРО ДПМНЕ се додава: Претседателот Мицкоски истакна дека новиот пратенички состав и идната Влада ќе бидат силно посветени на реформите и трансформацијата на Македонија.





