Во врска со соопштението на СДС каде што се повикува лидерот на ВМРОДПМНЕ Христијан Мицкоски да се ангажира на терен, во своето сооопштение владејачката партија ВМРО ДПМНЕ ја изразува својата загриженост и посочува на неколку клучни точки.
СДС се претвора во партија, која секогаш бара начин да ги политизира дури и најсериозните кризи, со цел да се добие политички поени. Постои чудна корелација меѓу силината на пожарите и нивото на радост во редовите на СДС. Колку е полошо, толку врхушката на СДС е посреќна, што само ги открива нивните вистински намери и колку се неписмени и неодговорни.
Соочени со оваа криза, ВМРО-ДПМНЕ ја изразува својата поддршка до сите пожарникари и сите други кои се во првите редови борејќи се со огнот. Нивната храброст и пожртвуваност се непроценливи и ние стоиме заедно со нив во овие тешки времиња. Дополнително, ги повикуваме сите граѓани и политички субјекти на единство и соработка во борбата против пожарите, наместо да користат трагедиите за политички напади.
Во времето кога СДС беше на власт, институциите беа девалвирани и не им се посветуваше соодветно внимание на критичните капацитети за справување со пожари. ВМРО-ДПМНЕ ја презеде иницијативата за враќање на канадерите и повторно функционирање на центарот за обука на пилоти, со што значително се подобри нашата способност за борба против пожарите.
ВМРО ДПМНЕ ги повикува СДС и сите други политички партии да покажат одговорност и да престанат да ги злоупотребуваат состојбите со пожарите за политички цели. Сите треба да работиме заедно во интерес на граѓаните и државата, и да обезбедиме безбедност и поддршка за оние кои се најмногу погодени. – нагласува владејачката партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.





