Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами за промоција на пропаднатите политики на СДСМ , обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија.
280 илјади евра СДС, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно, и додека владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга.
Наместо за народот, СДС, Заев и Ковачевски потрошија 280 илјади евра за нивните лаги и манипулации“, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.






