Единствен кандидат за оваа функција е досегашниот генерален секретар на партијата, Христијан Мицковски.



Вчера, на вонредникот Конгрес што се одржува во Валандово, пристигнаа 411 од вкупно 544 делегати, со што беше исполнет условот највисокиот орган на партијата да работи во присуство на најмалку едве третини од делегатите.

Присутен е и досегашниот партиски лидер Никола Груевски кој поднесе оставка на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во пресрет на конгресот, триесетина членови на ВМРО-ДПМНЕ, пратеници и основачи на партијата преку отворено писмо побараа негово одложување за шеесетина дена поради  „сериозните проблеми настанати во процесот на организирање и спроведување на Конгресот“.

Ден пред конгресот двајца од потписниците на иницијативата за одлагање, Антонијо Милошоски и Илија Димовски, истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници,  соопштија дека нема да присуствуваат на конгресот.

Изборот на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ е 13 точка на дневниот ред, а неговото обраќање е последна 16 точка.