Маричиќ во неработен ден беше фатен од страна на медиумите како користи службено возило, со кое е однесен до Подрачна единица на ДКСК каде го дал својот потпис за Пендаровски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат дали е ова „европско“ однесување.



„Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности?

СДС и Маричиќ да кажат дали министрите на земјите членки на ЕУ и функционери од Унијата злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели или тоа е само пракса на СДС и Маричиќ, убедени сме дека е второто, но еве оставаме СДС да кажат, може имаат изговор.

А додека СДС и Маричиќ се правдаат очекуваме ДКСК да не молчи на злоупотребите на Бојан Маричиќ, се вели во партиското соопштение.

Од Партијата додаваат дека Маричиќ користи шофер и возило во неработен ден, згора на тоа за партиски активности.

„Возилото и шоферот на Маричиќ се платени од државни пари, парите кои граѓаните и компаниите ги уплаќаат во буџетот за функционерите да извршуваат државни работи од корист за општеството, а не за полесно да извршуваат партиски позиции“.