Од ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираат на обвинувањата на досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу според кој во случајот со неговото разрешување отсуствуваат законската оправданост и мерит-системот.
Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање
„Човекот од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС, организирајќи хајки, напади и пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно агенцијата предводена од Еролд се пресметуваше со новинари, медиуми и личности кои го критикуваа криминалот на СДС и ДУИ.
Муслиу со такво портфолио може да се кандидира единствено за лидер на СДС наместо да рони солзи за неговото разрешување“ се вели во соопштението од партијата од каде уште додаваат.
„А, за неговото работење доволно говори податокот дека додека Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра. Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?
Тешка манипулација е неговата одбрана со етничката припадност и дека тоа е можната причина за смена.
Тоа е завесата позади која тој ја крие неговата неспособност, злоупотреби и партиска пристрасност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






