ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и обвинителството да испитаат зошто криел Филипче толку станови и имот, што ги поседува

„Манипулациите се карактеристика за СДС. Кога ќе се види што пријавувал Венко Филипче како министер, а што како пратеник, може да се види дека тој манипулира со голем имот. Или Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер.“ – вели во своето соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Натаму оваа владејачка партија истакнува: Последниот анкетен лист, доставен до Антикорупциска комисија откако стана пратеник, покажуваат дека поседува имот во вредност од 850 илјади евра. Филипче како министер за здравство пријавил: (1) куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година во вредност од 27,8 милиони денари, (2) стан од 130 метри квадратни метри во вредност од 7,8 милиони денари, добиен како подарок во 2016 година и (3) уште еден стан во Скопје од 50 метри квадратни кој е резултат на купопродажба во 2010 година.

Филипче како пратеник во 2024 година го пријавува следниот имот: (1) Стан во Скопје од 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година. Станот не го пријавил кога бил министер, а го имал. (2) Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а го имал. (3) Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година. И овие станови ги нема пријавено додека бил министер, а ги поседувал. (4) Стан во Центар од 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а бил во негова сопственост.

Натаму, од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат: Нејасно е како имот, што го поседувал кога станал министер, односно пет стана не ги пријавил во Анкетниот лист до Антикорупциска комисија, а ги пријавил како пратеник. Оттука се поставуваат низа на дилеми и прашања. Криел ли Филипче имот? Ако имал навика да крие, можеби се уште го прави тоа.

Апелираме Државната комисија за спречување на корупција веднаш да ги лоцира податоците, за да утврди што се криел Филипче. Апелираме и до јавното обвинителство да испита зошто Флипче не пријавувал имот во анкетниот лист како министер и зошто во анкетниот лист како пратеник се појавува имот кој го имал пред да стане министер, а не го пријавил.